Белами: Со ваква игра Погба не смее да се појави против Ливерпул

Од:

Пол Погба не смее да биде дел од Манчестер Јунајтед за дербито против Ливерпул в недела на „Енфилд“, оцени Крег Белами по синоќешниот пораз на „Црвените ѓаволи“ од Валенсија.

Англичаните загубија со 1:2 и ја пропуштија шансата да завршат први во групата, откако во вториот натпревар Јувентус неочекувано претрпе пораз од Јанг Бојс.

На дуелот со Валенсија Французинот се врати меѓу стартерите, но одигра лошо.

– Погба беше повторно слаб. Јасно е дека Мурињо не може да го извлече најдоброто од него. Играчот покажува дека не е заинтересиран и неговата игра против Валенсија беше загрижувачка. Не сум сигурен дали е толку добар како што мислат многу луѓе. Следи многу важен натпревар в недела, најголемиот во Премиер лигата. По ваквата игра, сепак, за него едноставно нема место во тимот и тој мора да остане на клупата. Изгледа како да назадува. Постојано се истакнува дека тој е светски шампион, но тој не покажува дека оди напред во големите натпревари, изјави Велшанецот, кој е поранешен фудбалер на „црвените“.

Би можело да ве интересира

Братот на Погба излезе од затвор, не смее да има контакт со него и со нивната мајка

Горан Наумовски

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Погба: Рајола ја виде понудата од Јунајтед и ми кажа дека ниту неговиот пес не би потпишал

Матијас Погба ѝ се предаде на француската полиција по обвинувањата за уцена на брат му