Погба: Рајола ја виде понудата од Јунајтед и ми кажа дека ниту неговиот пес не би потпишал

Од:

Ѕвездата на Јувентус, Пол Погба при доделувањето на наградата за најдобар агент на сопствениот агент, Рафаела Пимента се потсети на својот поранешен претставник, Мино Рајола и како тој се однесувал при преговорите со Манчестере јунајтед.

„Рафаела Пимента е мојата втора мајка, таа ми помогна толку многу во кариерата. Таа ме натера да сфатам многу работи не само во фудбалот, туку и во обичниот живот и секогаш била многу важна за мене и за моето семејство. Кога бев млад во Манчестер, Фергусон сакаше да го обновам договорот. Кога пристигна Мино, го погледна договорот и ми кажа: ‘Не би му дал ниту на мојот пес да потпише ваков договор. Пол, ајде да си одиме’“, објаснува Погба.

Французинот пристигна во Манчестер јунајтед кога имаше 16 години во 2009 и помина три години во младинскиот систем на тимот, пред да одбие продолжување на договорот и да се пресели во Јувентус како слободен играч во 2012. Тој се врати на „Олд Трафорд“ во трансфер од 105 милиони евра четири години подоцна, но не успеа да воодушеви ниту со играта, ниту со однесувањето кон клубот, пред да замине, пак како слободен играч, во Јувентус ова лето. Тој нема ниту еден настап за „бјанконерите“ по враќањето поради повреда на коленото.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Русите го викаат Погба – плата 1.500 евра

Предраг Петровиќ

Францускиот фудбалер Пол Погба суспендиран на четири години поради допинг

Пол Погба на чекор до четиригодишна суспензија

Погба позитивен на допинг

Братот на Погба излезе од затвор, не смее да има контакт со него и со нивната мајка

Горан Наумовски

Матијас Погба ѝ се предаде на француската полиција по обвинувањата за уцена на брат му