Бејл сакал целата кариера да ја помине во Реал

Од:

Герет Бејл сака да ја помине целата своја кариера во Реал Мадрид, и покрај враќањето на Зинедин Зидан како менаџер. Тоа е она што го тврди агентот на напаѓачот – Џонатан Барнет.

Според гласините од извори блиски до кујната на шпанскиот гигант, назначувањето на Французинот е „лоша вест“ за велшкиот репрезентативец, бидејќи Зизу „не сака да работи со Бејл“.

– Бејл е многу среќен токму сега, но ќе видиме што ќе се случи, рече агентот.

Запрашан дали неговиот клиент ќе остане во Реал Мадрид, Барнет одговорил: „Да, зошто да не? Тој сака да остане во текот на целата своја кариера во Реал Мадрид и ако не успее, ќе разговараме повторно. Бејл ќе разговара со г-дин Зидан, тогаш ќе видиме што ќе се случи до крајот на сезоната. Герет сака да игра на еден начин, а Зидан сака да игра на друг. Ова беше причина за несогласувањето и по некое време работите се влошија“.

Според агентот, Бејл има волја и не е загрижен што пишува во печатот.

– Во наредните години, оние што го критикуваат, нивните деца ќе ги гледаат неговите голови и ќе речат: „Каков одличен играч“, додаде Барнет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска