Бејл официјално во Реал Мадрид

Од:

Реал Мадрид и Тотенхем потврдија на своите интернет страници дека двата клуба постигнале договор за трансферот на Герет Бејл, кој ќе биде претставен официјално утре.

Пред тоа Бејл ќе ги помине медицинските прегледи, по што ќе позира со белиот дрес со кој ќе излезе на “Сантијаго Бернабеу”.

“Поминав 6 среќни години тука, но сега мислам дека е вистинскиот момент да се разделиме. Преживеав посебни моменти и уживав во секоја минута од својот престој во тимот”, рече Бејл.

“Сакам да се заблагодарам на сите во клубот – на претседателот, на одборот на директори, на тимот, тренерите, на соиграчите и најмногу на фантастичните навивачи, кои верувам дека ќе разберат дека тоа е единствена можност за мене”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска