Бејл најскап фудбалер во светот, се сели во Реал за 93 милиони фунти

Од:

Велшкиот фудбалски ас Герет Бејл се очекува викендов да го комплетира трансферот од Тотенхем во редовите на Реал Мадрид, кој ќе биде рекорден во историјата на фудбалот и со кој тој ќе стане најскапиот играч воопшто досега.

Сумата на трансферот британските медиуми пренесуваат дека ќе изнесува 93 милиони фунти, нешто повеќе од 108 милиони евра, со што за 14 милиони евра се урива досегашниот рекорд, што го држеше Кристијано Роналдо со трансферот од Манчестер јунајтед исто така во Реал пред четири години.

По многуте варијатни за комплетирање на трансферот во изминативе два месеци, по се изгледа дека во него нема да бидат инволвирани други фудбалери, туку „кралевите“ на газдата на Спарси Даниел Леви ќе му исплатат кеш.

Реал, кој веќе започна да продава дресови со името на Бејл, се надева дека ќе го официјализира викендов, иако тоа било планирано за вчера, но било одложено со ревијалниот дуел против Ал Сад на кој фановите се збогуваа со легендата Раул.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска