Бејл: Ми се оствари сонот

Од:

Велшкиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Герет Бејл по синоќешниот триумф во европскиот Суперкуп беше пресреќен што во својот роден град стигна до трофејот.

– Да се дојде во Велс и да се подигне трофејот е остварување на мојот сон. Прекрасно се чувствувам во мојот роден град. Сезонава имаме „страшен“ состав и ќе атакуваме на сите трофеи во натпреварувањата во кои ќе учествуваме. Ни треба уште малку време да се воиграме, но веќе делуваме како вистински тим. Сите напорно работиме и првиот трофеј сезонава е награда за тоа, изјави Бејл.

Реал Мадрид синоќа во Суперкупот на УЕФА во Кардиф, ја победи Севиља со 2:0 со погодоците на Кристијано Роналдо.

– Кристијано уште на почетокот на новата сезона покажува што се може да направи. Тој е извонреден играч и ние сме среќни што го имаме во тимот, рече Велшанецот кој му асистираше на Роналдо при постигнување на првиот гол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска