Европскиот првак Реал Мадрид ќе настапи ослабен на реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите што се игра утре против Баерн бидејќи тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета на Герет Бејл. Играчот на Реал се повреди во текот на вториот дел од првиот натпревар што во средата се играше во Минхен.
Велшкиот репрезентативец како што пренесуваат шпанските медиуми би можел да го пропушти и саботниот натпревар од Примера против Барселона поради повредата.
Во текот на оваа сезона Бејл има проблеми со повредите, а досега одигра 25 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет голови.
Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во Минхен го победи Баерн со 2:1.