Бејл дебитираше со гол, недоволен за победа против Виљареал

Од:

Герет Бејл имаше деби со погодок во дресот на Реал Мадрид. Тој одигра 60 минути на гостувањето против Виљареал и го постигна првиот погодок за „кралевите“ на овој меч, за израмнување на 1:1, но неговиот тим сепак не успеа да стигне до планираните три бода на „Ел Мадригал“.

Кристијано Роналдо во второто полувреме го постигна можеби и најсреќниот гол во својата кариера, откако по неговиот шут топката удри во нозете на двајцата домашни дефанзивци, потоа се одби од Португалецот, па крај немоќниот голман заврши во мрежата на Вилјареал.

„Жолтата подморница“ прикажа одлична игра против фаворитот и дефинитивно не заслужи пораз, а правдата беше задоволена кога Џовани дос Сантош на дваесет минути до крајот ги постави конечните 2>2.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска