Базел, Монако и Јувентус обезбедија осминафинале во Лигата на шампионите

Од:

Швајцарскиот првак Базел го направи најпријатното изненадување на синоќешните натпревари од Лигата на шампионите играјќи нерешено на „Енфилд“ со Ливерпул што значеше елиминација за англискиот тим уште по групната фаза.

Влез меѓу 16. најдобри обезбеди Јувентус по нерешениот резултат со Атлетико Мадрид, а преку победа над директниот конкурент Зенит, во осминафиналето на елитното натпреварување се пласира и Монако.

Резултати од последното, 6.коло и табели во групите А, Б, Ц и Д.

А група: Јувентус – Атлетико Мадрид 0:0 и Олимпијакос – Малме 4:2.
Табела: Атлетико Мадрид 13 бодови, Јувентус 10, Олимпијакос 9, Малме 3.

Б група: Ливепрул – Базел 1:1 и Реал Мадрид – Лудогорец 4:0.
Табела: Реал Мадрид 18 бодови, Базел 7, Ливерпул 5, Лудогорец 4.

Ц група: Бенфика – Баер Леверкузен 0:0 и Монако – Зенит 2:0.
Табела: Монако 11 бодови, Баер Леверкузен 10, Зенит 7, Бенфика 5.

Д група: Борусија Дортмунд – Андерлехт 1:1 и Галатасарај – Арсенал 1:4.
Табела: Борусија Дортмунд 13 бодови, Арсенал 13, Андерлехт 6, Галатасарај 1.

Двете првопласирани екипи од секоја група одат во следната фаза, а третопласираните екипи продолжуваат во Лига Европа.

Вечерва се играат натпреварите од  6.коло во останатите четири групи.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска