Барселона стартуваше со победа во Примера

Од:

Екипата на Барселона на стартот од новата сезона во Примера почна со победа на домашен терен. Синоќа на „Камп Ноу“ беше совладана екипата на Елче со 3:0. Каталонскиот клуб поведе преку Аргентинецот Лионел Меси во 42.минута, а две минути подоцна неговиот сонародник во дресот на Барселона, Хавиер Маскерано доби црвен картон. Иако, со играч помалку Барселона во вториот дел постигна уште два гола. Во 46.минута на 2:0 зголеми Мунир Ел Хадиди, а конечните 3:0 ги постави Меси во 63.минута.

На другите натпревари од 1.коло беа постигнати следниве резултати: Леванте – Виљареал 0:2, Селта – Хетафе 3:1, Еибар – Реал Сосиедад 1:0, Алмерија – Еспањол 1:1, Гранада – Депортиво 2:1, Севиља – Валенсија 1:1 и Малага – Атлетик Билбао 1:0.

Вечерва се играат последните два натпревара од воведното коло: Реал Мадрид – Кордоба и Рајо Ваљекано – Атлетико Мадрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска