Барселона ја победи Рома со 6:1 во дербито на првата вечер од 5.коло во фудбалската Лига на шампиони.
На средбата одиграна на „Камп Ноу“, Барселона својата доминација ја најави по само 18 минути игра кога веќе имаше предност од 2:0.
Луис Суарез (15. и 44.минута) и Лионел Меси (18 и 60) постигнаа по два гола, а во листата на стрелците се запишаа Жерар Пике (56) и Адријано (77). Двата тима не успеаја да реализираат и најстрога казна. Ударите од белата точка на Нејмар кај Барселона и Џеко кај Рома, голманите Шчесни и Терштеген ги одбранија, но сепак босанскиот репрезентативец успеа со гол во последната минута да го ублажи поразот на Рома на 6:1.
Со овој триумф, Барселона го обезбеди својот пласман во осминафиналната рунда, во која на коло до крајот на групната фаза, пласман осигураа и Баерн Минхен, како и Зенит кој со вчерашната победа над Валенсија е единствениот тим со максимален број на победи.
Резултати и табели по одиграните натпревари од 5.коло во Лигата на шампионите:
Е група: БАТЕ Борисов – Баер Леверкузен 1:1 и Барселона – Рома 6:1.
Табела: Барселона 13 бодови, Баер Леверкузен 5, Рома 5 и Бате Борисов 4.
Ф група: Арсенал – Динамо Загреб 3:0 и Баерн Минхен – Олимпијакос 4:0.
Табела: Баерн Минхен 12 бодови, Олимпијакос 9, Арсенал 6 и Динамо Загреб 3.
Г група: Порто – Динамо Киев 0:2 и Макаби Тел Авив – Челзи 0:4.
Табела: Челзи 10 бодови, Порто 10, Динамо Киев 8 и Макаби Тел Авив 0.
Х група: Зенит – Валенсија 2:0 и Олимпик Лион – Гент 1:2.
Табела: Зенит 15 бодови, Гент 7, Валенсија 6 и Олимпик Лион 1.
Вечер се играат натпреварите од другите четири групи.