Европскиот првак Барселона на „Олимпико“ во Рим против Рома го игра дербито на вечерта во Лигата на шампионите. Каталонците се актуелни освојувачи на трофејот, а се вбројуваат меѓу најсериозните кандидати за тронот и во новата сезона.
Рома дуелот го дочекува по добриот старт во националниот шампионат каде има две победи и еден нерешен резултат.
Двојки за 1.коло од ЛШ во групите од Е, Ф, Г и Х.
Група Е: Баер Леверкузен – БАТЕ Борисов, Рома – Барселона.
Група Ф: Динамо Загреб – Арсенал, Олимпијакос – Баерн Минхен.
Група Г: Челзи – Макаби, Динамо Киев – Порто.
Група Х: Гент – Олимпик Лион, Валенсија – Зенит.
Почетокот на сите натпревари е во 20 часот и 45 минути.