Барселона ќе заштеди 25 милиони евра, ако го продаде Кутињо

Од:

Раководството на Барселона донело одлука да го продаде Филипе Кутињо во летниот трансфер прозорец.

Презентацијата на бразилскиот фудбалер е фрустрирачка и далеку од очекувањата за најскапиот трансфер во историјата на Барселона.

Барселона купи Филипе Коутиньо од Ливерпул за 120 милиони евра, плус 40 милиони евра во форма на бонуси.

Според информациите на „Гардијан“, 25 милиони од овие бонуси може да не бидат платени.

Досега се постигнати три од условите за бонуси: 5 милиони евра за пласман во Лигата на шампионите во првата година, 5 милиони за пласман во Лигата на шампионите во втората година и уште 5 милиони за одиграни 25 средби.

Цели 20 милиони ќе треба да бидат пренесени во касата на Ливерпул, ако Бразилецот достигне 100 натпревари во дресот на Каталонците. Досега Бразилецот е со 74 зад својот грб и уште најмногу три до крајот на сезоната.

Останатите 5 милиони се за освојување на Лигата на шампионите.

Ако Барселона го продаде Кутињо ова лето, ќе се обиде да ги минимизира загубите предвид вложените 135 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска