Барселона ќе стави 14 фудбалери на трансфер листата

Од:

Голем рез во својот состав најавува шпанскиот фудбалски гигант Барселона. Според информациите пласирани во дел од шпанските медиуми тренерот на Каталонците Тито Виланова планира за следната сезона да формира селекција од 22 играчи и нема да смета на услугите на останатите кои нема да влезат во неговата комбинација.

Поддршка за ваквиот план на тренерот му искажал и претседателот на клубот Сандро Росел кој потврдил дека „јадрото“ на тимот ќе биде редуцирано.

По завршувањето на сезоната, со активен договор се 36 фудбалери, така што 14 од нив ќе бидат ставени на продажба.

Меѓу најсериозните кандидати за напуштање на „Камп Ноу“ се следниве седуммина: Давид Виља, Виктор Валдез, Исак Куенка, Ибрахим Афелај, Андреј Фонтас, Алексис Санчез и Адриано.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска