Барселона ја завери титулата во Мадрид

Од:

Екипата на Барселона, својата 22. ра шампионска титула во Примера Дивизија ја потврди во Мадрид со победа над Атлетико со 2:1.

Домаќините поведоа преку Фалкао во 51.минута, а гостите за осум минути го направија пресврт со голот на Санчез во 72.минута и автоголот на Хаби во 80.минута.

Барселона титулата официјално ја обезбеди откако во саботата Реал Мадрид одигра нерешено 1:1 со Еспањол.

На другите дуели од 35.коло беа постигнати следниве резултати: Малага – Севиља 0:0, Бетис – Селта 1:0, Рајо Ваљекано – Валенсија 0:4, Осасуна – Хетафе 1:0, Ваљадолид – Депортиво 1:0, Атлетик Билбао – Мајорка 2:1 и Леванте – Сарагоса 0:0.

Колото ќе биде комплетирано со вечерашниот дуел Реал Сосиедад – Гранада.

Табела: Барселона 91 бод (првак), Реал Мадрид 81, Атлетико Мадрид 72, Валенсија 59, Реал Сосиедад 58, Малага 54,

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска