Барселона ја победи Малезија

Од:

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона во рамките на азиската турнеја денеска во Куала Лумпур ја победи репрезентацијата на Малезија со 3:1.

Каталонците први дојдоа во водство со голот на Цеск Фабрегас по половина час игра. Тој искористи еден центаршут од Маскерано и со глава од десетина метри го совлада домашниот голман.

Малезија изедначи во 39.минута, а најзаслужен за големата радост на домашните фудбалери беше Јахјах Амри кој ефектно погоди од 18 метри.

Сепак фаворизираниот гостин успеа до крајот на првото полувреме да го врати водството. Неимар во 42.минута повторно и донесе предност на Барселона.

Конечниот резултат од 3:1 го постави Пике во 74.минута.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска