Барселона има потпишано договор со Неимар

Од:

Екипата на Барселона веќе има потпишано договор со 21-годишниот бразилски фудбалер Неимар, според кој Бразилецот доколку се одлучи да настапува во Европа предност има каталонскиот гигант, пренесуваат шпанските медиуми.

Евентуално одење во друг клуб ќе значи плаќање пенали кон Барселона.

Талентираниот напаѓач е актуелен играч на Сантос, клуб од неговата матична држава. Неимар има обврски кон Сантос до 2014 година.

Претседателот на Барселона за потенцијалното засилување на неговата екипа искажа многу комплименти.

– Неимар е фудбалер од рангот на Меси, Роналдо, Ромарио, Марадона и другите јужно-американски ѕвезди. Тој е неверојатен играч, но сеуште е рано да се зборува за неговиот трансфер, иако шансите се на наша страна, изјави Сандро Росел, првиот човек на Каталонците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска