Барселона и Баерн последни четвртфиналисти во Лигата на шампиони

Од:

Екипите на Барселона и на Баерн Минхен се последните две кои се пласираа меѓу осумте најдобри во фудбалската Лига на шампиони.

Бранителот на трофејот, тимот на Барселона и по втор пат беше подобар од Арсенал. По лондонските 2:0, Барселона синоќа на „Камп Ноу“ славеше со 3:1 со головите на: Нејмар, Луис Суарез и Лионел Меси, додека голот за Арсенал го постигна Мохамед Ел Нени.

Многу подраматично беше на дуелот во Минхен. Баерн во последните минути од регуларниот дел избегна елиминација, а потоа во продолженијата избори четвртфинале.

Јувентус со головите на Пол Погба и Хуан Куардадо имаше предност од два гола по првото полувреме. Баварците преку Роберт Левандовски во 73.минута намалија на 1:2, за во првата минута од судиското надополнување Томас Милер да го израмни резултатот на 2:2, исто како што заврши средбата во Торино.

Во продолженијата на сцена стапија „резервистите“ Тиаго Алкантара и Кингсли Коман кои со головите во 108, и 110.минута му донесоа победа на германскиот првак со конечни 4:2 за пласман во четвртфиналето.

3656

Баерн и Барселона им се приклучија на Реал Мадрид, Волфсбург, Бенфика и Париз Сен Жермен, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити кои претходно обезбедија учество во следната фаза.

Двојките за четвртфиналето ќе бидат извлечени утре во седиштето на УЕФА во Нион. Првите натпревари ќе се играат 5 и 6, а реваншите на 12 и 13 април.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска