Барселона доби забрана за купување нови играчи до 2016

Од:

Комисијата за жалби при Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одби жалбата на Барселона за забрана на трансфери во наредните два трансфер периода.

Каталонскиот клуб е казнет поради кршењето на правилото кое се однесува на меѓународни трансфери и регистрирање играчи помлади од 18 години.

Барселона во наредните два преодни рока, почнувајќи од јануари 2015 година, нема да смее да регистрира нови фудбалери.

ФИФА ги истражувала трансферите на младите играчи во Барселона, кои биле извршени во периодот од 2009 до 2013 година и установила дека правилата биле прекршени при десет трансфери.

Од Барселона најавија дека одлуката на ФИФА ќе ја обжалат во Меѓународниот суд за арбитража во спортот (CAS).

Барселона од страна на ФИФА е казнета и парично со 450.000 швајцарски франци, додека Фудбалскиот сојуз на Шпанија е казнет со 500.000 швајцарски франци. Исто така, Барселона ќе мора да ја регулира, според правилата на ФИФА, ситуацијата која се однесува на малолетните играчи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска