Во седиштето на УЕФА во Нион се извлекоа паровите за четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Според ждрепката Баерн Минхен ќе се сретна со италијанскиот Јувентус, а Барселона ќе игра против Пари Сен Жермен и Златан Ибрахимовиќ.
Шпанскиот Реал Мадрид го доби турскиот Галатасарај, додека дебитантот Малага и го доби германскиот шампион Борусија Дортмунд.
Финалето на Лигата на шампионите е закажано на 25-ти мај на „Вембли“, а првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 2-ри и 3-ти април, додека реваншите се една недела подоцна.
Елена Георгиевска