Барди: Најважно е да го дадеме максимумот

Од:

Играчот од средниот ред Енис Барди оцени дека македонската репрезентација утре во Ереван ја очекува важен меч од кој „црвено – жолтите“ можат да излезат како победници само ако дадат максимум на теренот.

– Веројатно ќе решаваат ситници на утрешниот натпревар. Најважно е ние да сме подготвени и да знаеме што бараме на теренот. Овој меч е многу важен и за нас и за Ерменија. Треба да влеземе на терен со заедништво како никогаш досега и тоа е клуч за победа. Имаме нови фудбалери и треба време за да се вклопиме, но тоа не е некој преголем проблем. Ние сите сме свесни што нè очекува и мора да дадеме сè од себе. Тоа е најважно, изјави Барди на вечерашната конференција за новинари во Ереван.

– По завршувањето на Европското првенство сите очекуваат повторно нешто големо, но ние мора да одиме од меч во меч. Со оваа сегашна генерација со новиот селектор со кој долго време се знаеме, а имаме и некои нови играчи, мора да сме трпеливи, зашто секој меч ни носи нешто ново, а ништо негативно, без оглед дали сме победиле или загубиле. А, Македонија досега покажа доста, покажа дека игра за нешто, игра за нешто убаво и игра добро, а не за петто или четврто место. Мислам дека направивме доста многу добри работи и само треба да продолжиме така, додаде Барди.

Натпреварот во Ереван, кој е претпоследен за македонската репрезентација во квалификациската група Ј, ќе се игра на националниот стадион во Ереван со почеток од 18 часот.

Би можело да ве интересира

Барди во јануари ќе го напушти Трабзон

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб и Барди со Трабзонспор, во „лов“ на Лигата на шампионите

Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши

Катерина Павлова-Николовска

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска