Балотели пред тешка казна за удирање на противнички играч

Од:

Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели може да биде дисквалификуван до крајот на сезоната во француската Лига 1.

Причината е неспортското однесување на Италијанецот во последниот шампионатен натпревар против Бордо, изгубен со 0:2, кога го удри со лакт дефанзивецот на Бордо – Пабло Кастро, иако настанот остана незабележан од главниот судија.

Однесувањето на Балотели ќе биде разгледано од Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација, откако доведе до кршење на носот на Кастро.

Ако биде прогласен за виновен, тој може да биде со запрени права за осум натпревари, што значи дека ќе го пропушти и стартот на следната сезона, ако воопшто остане во Франција.

Би можело да ве интересира

Балотели: Им текнува на мене само кога Италија ќе загуби

А1он

Балотели ќе игра за второлигашот Монца, за половина милион евра неделно

Жарко Настоски

ВИДЕО: Балотели откри „сочен“ детаљ за бившата девојка и ја згрози италијанската јавност

Жарко Настоски

Нант можна следна дестинација на Балотели

Ана Ололовска

На Балотели му забранија интервју со порно sвезда

Ана Ололовска

Галатасарај тргнува по Балотели

А1он