Балотели ќе игра за второлигашот Монца, за половина милион евра неделно

Од:

Месечна плата од 500.000 евра, плус дополнителни бонуси, ќе добие Марио Балотели за трансферот во Монца чија реализација е само „прашање на часови“, јавија вечерва италијанските медиуми.

Поранешниот италијански репрезентативец треба да стави потпис на краткорочен договор со второлигашот во сопственост на поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони до крајот на јуни 2021 година.

„Скај спорт Италија“ јави дека менаџерот на Балотели, Мино Рајола, се откажал од своја страна од провизија за реализација на трансферот.

Балотели, кој има 36 настапи во италијанскиот дрес и 14 голови, минатата сезона ја мина во Бреша, а во кариерата играше и за Интер, Милан, Манчестер сити и Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Балотели: Им текнува на мене само кога Италија ќе загуби

А1он

ВИДЕО: Балотели откри „сочен“ детаљ за бившата девојка и ја згрози италијанската јавност

Жарко Настоски

Нант можна следна дестинација на Балотели

Ана Ололовска

На Балотели му забранија интервју со порно sвезда

Ана Ололовска

Галатасарај тргнува по Балотели

А1он

Обвинителството на Бреша го прогласи Балотели за невин во случајот силување на малолетничка

Ана Ололовска