Балотели ќе игра во Серија „А“

Од:

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели оваа сезона ќе игра за повратникот во Серија „А“ – Бреша.

Претседателот на клубот Масимо Челино и Мино Рајола се разбраа за едногодишен договор вреден едвај 1,5 милиони евра, три милиони помалку од сегашната плата на Балотели.

Сепак, „Супермарио“ има амбиција да се врати во репрезентацијата на Италија, за да биде дел од „азурите“ на ЕП 2020.

Во случај тимот да опстане во Калчото, Балотели има клаузула да го продолжи договорот со клубот.

Сопственикот на „сините“ му гарантира разни бонуси на напаѓачот доколку се врати во репрезентацијата на Италија, како и во случај на одреден број на голови во текот на сезоната.

Би можело да ве интересира

Реми меѓу Удинезе и Торино во 18. коло од Серија А

Поранешен сметководител на Берлускони е нов претседател на Серија „А“

А1он

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска