Во фудбалската Лига на шампиони вечер на програмата се првите реванши од четвртфиналната фаза. Баерн Минхен ќе има тешка задача да ја анулира предноста на Реал Мадрид од 2:1 која шпанскиот тим ја оствари на првиот дуел.
Сепак, олеснување за тренерот на Баерн е информацијата дека на реваншот ќе може да смета на Роберт Левандовски кој сезонава на 40 натпревари постигна 38 голови.
Двојки за вечер:
Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:1 прв натпревар) и
Лестер – Атлетико Мадрид (0:1).
Почетокот на двете средби е во 20:45 часот.