Европскиот шампион Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе гостува кај германскиот шампион Баерн.
Ова е најатрактивната двојка од денешното извлекување одржано во Нион на осумте најдобри екипи оваа сезона во Лигата на шампионите.
Вториот германски тим Борусија Дортмунд за влез во полуфиналето ќе игра против францускиот тим Монако.
Италијанскиот шампион Јувентус за ривал ја доби екипата на Барселона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против англискиот првак Лестер.
Првите натпревари се закажани за 11 и 12.април, а реваншите се закажани за 18 и 19.април.