Баерн по потврда на четвртфиналето, Малага по својот најголем успех

Од:

Фудбалерите на Баерн вечер на „Алијанц арената“ во Минхен против Арсенал треба да го потврдат пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите, додека Малага на свој терен ќе се обиде да надомести еден гол минус од првиот дуел со Порто.

Баерн е во добра форма, убедливо води во Бундес лигата со 20 бодови пред Борусија Дормунд, а во последното коло во Минхен ја совлада Фортуна Дизелдорф со 3:2.

Во првиот осминафилен натпревар против Аресенал во Лондон, Германците победија со 3:1.

Тренерот на „топџиите“ Арсен Венгер, вели дека Баерн има голем предност, но оти неговите играчи ќе се обидат да се вратат.

– Играме на гостински терен и ќе биде многу тешко. Мораме да се обидеме да го фатиме Баерн на погрешна нога. Знаеме дека играчите на Баерн во потсвеста веќе сметаат дека поминале понатаму, но и ние мора да веруваме оти можеме да се пласираме во четвртфиналето, изјави Венгер.

Арсенал моментално е на петото место во Премиер лигата со пет бодови помалку од градскиот ривал Челзи.

– Не смееме да се опуштиме, но искрено сметам дека е невозможно Арсенал да не елиминира. Баерн покажа дека со право конкурирар за трофејот во ЛШ, заедно со Реал и Барселона, вели играчот на Баерн, Аријан Робен.

Шпанската Малага, пак, која е дебитант во ЛШ, ќе се обиде против Порто да го направи најдобриот резултат во историјата на клубот.

– Играме дома пред своите навивачи и тоа мораме максимално да го искористиме. Сите во клубот знаат дека ова е најважен натпревар во историјата на Малага, изјави играчот на шпанскиот клуб Дуда.

Двата реванш натпревара Баерн – Арсенал и Малага – Порто почнуваат во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска