Тимовите на Баерн Минхен и Реал Мадрид се првите екипи што изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, победувајќи ги Арсенал и Наполи.
Тимот на Баерн Минхен славеше со високи 5-1 во првиот натпревар на домашен терен, па вечерва без многу притисок славеа со идентичен резултат од 1-5 во Лондон на гостувањето кај Арсенал.
Стрелци на головите за Баерн беа Левандовски, Робен, Коста и два гола постигна Видал, додека голот за Арсенал го постигна Тео Волкот.
Реал Мадрид со предност од 3-1 допатува во Неапол, каде што актуелниот шампион повторно славеше со 1-3. Голот за предност на Наполи го постигна Мертенс, кој што исто така постигна и автогол, а останатите два гола за Реал Мадрид ги постигнаа Серхио Рамос и Мората.
Утре се играат дуелите помеѓу Барселона и ПСЖ, каде што тимот од Париз патува со предност од 4-0 и Борусија Дортмунд против Бенфика, каде што гостите од Португалија имаат еден гол предност.