Баерн го освои „Ауди Купот“

Од:

Фудбалерите на Баерн Минхен се освојувачи на „Ауди Купот“ по пресврт-победата во финалето на нивната „Алијанц Арена“ против Манчестер Сити со 2:1.

Англискиот тим поведе во 60.минута преку Алваро Негредо. Пет минути подоцна Томас Милер од пенал изедначи на 1:1. Победата за бундеслигашот ја обезбеди Марио Манџукиќ во 73. минута.

Овој трофеј за Баерн Минхен предводен од новиот тренер Пеп Гвардиола ќе значи поголема самодоверба пред стартот на новата сезона во германското првенство закажан за 9 август.

Во натпревар за третото место на „Ауди Купот“ Милан го победи Сао Паоло со 1:0. Стрелец на голот беше Кевин-Принс Боатенг во 52. минута.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“