Во општина Гази Баба денеска ќе се одржи Авто Рели Гази Баба 2014. Релито ќе се одвива во два дела. Првиот е за вешто возење на паркингот кај воената кула во Автокоманда, а вториот возење по градските улици од плоштадот во Автокоманда до плоштад Македонија и назад.
На почетокот на настанот ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.
Авто Рели Гази Баба 2014 го организираат АКК „Примо“ и општина Гази Баба.