Атлетико против Барселона во четвртфиналето на Купот на Шпанија

Од:

Атлетико Мадрид и Барселона се последните два тима кои обезбедија пласман четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија, во кое ќе играат меѓусебе.

Во последните два осминафинални натпревари одиграни синоќа, Атлетико благодарение на двата гола на Фернандо одигра нерешено 2:2 против градскиот ривал Реал кој пред осум дена го победи со 2:0.

Барселона која пласманот во четвртфиналето го најави уште пред седум дена кога го победи Елче со 5:0, истиот го завери со новата победа, сега на гостински терен со триумфот од 4:0.

Така во четвртфиналето на „Купа дел Реј’’ Атлетико Мадрид и Барселона меѓусебно ќе решаваат кој тим ќе игра во полуфиналето и тоа со средбите во Мадрид на 21 јануари и седум дена подоцна (28 јануари) во Барселона.

Останатите четвртфинални парови ги сочинуваат: Малага – Атлетик Билбао, Виљареал – Гетафе (21 јануари) и Еспањол – Севиља (22 јануари).

Реванш натпреварите ќе се играат на 28 и 29 јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска