Атлетико најактивен во преодниот рок

Од:

Атлетико Мадрид е убедливо најактивната екипа во летниот преоден рок, која за купување на осум одлични играчи потроши 255 милиони евра.

Но, и покрај вртоглавиот износ на пари што Атлетико ги дал за влез на нови играчи во тимот, клубот од Мадрид сé уште не ги потрошил сите пари од трансферите на своите фудбалери кои заминаа од клубот, а станува збор за уште околу 60 милиони евра.

Шпанскиот клуб го започна силно летниот преоден рок со продажбата на трите големи ѕвезди како Антоан Гризман, кој беше продаден на Барселона за 120 милиони евра, потоа Лукас Хернандез Баерн Минхен за 80 милиони евра и Родри за 70 милиони евра, со што Атлетико во својата каса инкасираше вкупно 270 милиони евра.

Мадридскиот клуб собра уште 43 милиони евра од продажбата на Гелсон Мартинс, Лучијано Вието, Бернард Менса и Оливер Торес, со што вкупната добивка на клубот од летниот преоден рок достигна 313 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска