Атлетико Мадрид се сели на „Ла Пеинета“

Од:

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид во 2016 година ќе се пресели на новиот стадион „Ла Пеинета“. Директотот на клубот Мигуел Анхел Гил Марин потврди дека ќе го напуштат „Висенте Калдерон“.

Договорот за преселбата на Атлетико во источниот дел на Мадрид е склучен со градските власти уште во 2008 година, но изградбата на стадионот малку се искомпликува по губењето на градот на трката за домаќин на Олимпијадата во 2020 година.

Сепак финансиската конструкција за доградба на стадинот е завршена со тоа што првично предвидениот рок кој беше 2015 година е поместен за 12 месеци.

Цената на изградбата на „Ла Пеинета“ се очекува да достигне 270 милиони евра, а капацитетот на гледачи ќе биде 72 илјади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска