Во реприза на ланското финалето градските ривали од Мадрид, Атлетико и Реал ќе играат во четвртфиналето од годинашново издание на Лигата на шампионите. Ова е секако најинтересната двојка извлечена денеска во Нион.
Покрај оваа двојка интересно се очекува да биде и на дуелот ПСЖ – Барселона, додека Јувентус кој ќе биде домаќин на првиот дуел е благ фаворит против Монако, а во првиот дуел Баерн ќе му гостува на Порто.
Првите натпревари ќе се играат на 14. и на 15. април, а реванш дуелите на 21. и на 22.април.
Финалето е закажано за 6.јуни во Берлин.