Атлетико и Валенсија последни четвртфиналисти во Купот на Шпанија

Од:

Екипите на Атлетико Мадрид и Валенсија се последните два тима кои обезбедија пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија.

На синоќа одиграните реванш натпревари од осминафиналето, Валенсија и по втор пат ја победи Гранада, сега со 3:0 на гостински терен, откако на првиот меч славеше со 4:0, со што само го потврди својот пласман меѓу осумте најдоброи во „Копа дел Реј’’.

А, таму место обезбеди и Атлетико Мадрид кој го доби реванш дуелот против градскиот ривал Гетафе со 3:0 откако на првата средба на „Винсенте Калдерон’’ заврши нерешено 1:1.

Пласман во осминафиналето претходно обезбедија: Севиља, Мирандес, Атлетик Билбао, Селта Виго, Лас Палмас и Барселона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска