Екипите на Атлетико Мадрид и на Манчестер Сити се пласираа во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони по извојуваните победи над своите ривали во осминафиналните пресметки.
На дуелот во Мадрид, Атлетико и ПСВ одиграа без голови идентично како и на првата средба во Ајндховен, па победникот беше решен по изведувањето пенали. Шпанскиот претставник имаше повеќе среќа и со 8:7 славеше по ударите од белата точка.
Во Манчестер популарните „граѓани“ одиграа 0:0 против Динамо Киев и со вкупни 3:1 обезбедија учество во следната фаза.
Претходно четвртфинале во елитното натпреварување изборија Реал Мадрид, Волфсбург, Бенфика и Пари Сен Жермен.
Кои ќе бидат последните две екипи кои ќе се вбројат помеѓу осумте најдобри ќе дознаеме вечерва по реванш дуелите меѓу
Барселона и Арсенал во кој шпанскиот шампион ќе го започне со предност од 2:0 остварена на првиот меч во Лондон, односно дуелот Баерн Минхен – Јувентус кој ќе започне со 2:2 од првиот меч во Торино.