Атлетико-Баерн и Манчестер Сити-Реал во полуфиналето на Лигата на шампиони

Од:

Екипите на Атлетико Мадрид и Баерн Минхен, односно на Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе играат во полуфиналето на елитната фудбалска Лига на шампиони.

Ова е исходот денешната ждрепка одржана во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион.

Дуелот на Атлетико Мадрид – Баерн Минхен ќе биде практично реприза на финалето од 1974 година во тогашниот Европскиот куп, во кое геранскиот тим триумфираше, откако првиот меч заврши 1:1, па во повторениот Баерн славеше победа со 4:0.

Манчестер Сити и Реал Мадрид досега одиграа само два меѓусебни дуели и тоа во сезоната 2012/2013, а Реал има подобар биланс бидејќи го доби вториот меч во Мадрид со 3:2, одткако првиот во Манчестер заврши 1:1.
Првите полуфинални мечеви од Лигата на шампионите се играат на 26 и 27 април, додека реваншите се на 3 и 4 мај. Финалето е на 28 мај на „Сан Сиро” во Милано.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска