Атлетик одигра нерешено на гостувањето кај Бетис

Од:

Екипата на Атлетик Билбао успеа да остане непоразена на синоќешното гостување кај фаворизираниот Бетис играјќи нерешено 1:1.

Рубен Кастро му донесе водство на Бетис уште во втората минута со гол постигнат од пенал, а конечните 1:1 ги постави Адуриз во 41.минута.

Бетис остана на 4.место на табелата со 35 освоени бодови, а Атлетик Билбао се искачи за една позиција и сега е на 14.место со 22 бода.

На другите натпревари од 20.коло во Примера Дивизија постигнати се следниве резултати: Еспањол – Мајорка 3:2, Гранада – Рајо Ваљекано 2:0, Сосиедад – Барселона 3:2, Хетафе – Севиља 1:1, Малага – Селта Виго 1:1, Осасуна – Депортиво Ла Коруња 2:1, Ваљадолид – Сарагоса 2:0, Атлетико Мадрид – Леванте 2:0 и Валенсија – Реал Мадрид 0:5.

Табела: Барселона 55 бодови, Атлетико Мадрид 47, Реал Мадрид 40, Бетис 35, Малага 32, Рајо Ваљекано 31,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска