Арсенал влегува во серија, Шефилд Ј. останува во игра за ЛШ

Од:

Арсенал ја запиша и третата победа во низа во Премиер лигата со која се враќа во игра за Европа, а Шефилд јунајтед останува во борбата за Лигата на шампиони.

„Топчиите“, во сиромашното премиерлигашко коло со голови, попладнево го совладаа Вест Хем со 1:0. Единствениот погодок на „Емирати“ беше дело на Алексадар Лаказет со 78. минута.

Шефилд Ј. пак, со идентичен резултат славеше над Норич. Голот на Били Шарп од 36. минута на крајот се покажа како доволен за нови три бода за тимот од „Брамал Лејн“.

Премиер лига, 29 коло, резултати
Арсенал – Вест Хем 1:0
Шефилд јунајтед – Норич 1:0
Кристал палас – Вотфорд 1:0
Саутемптон – Њукасл 0:1
Вулверхемптон – Брајтон 0:0
Ливерпул – Борнмут 2:1

Табела: Ливерпул 82, Манчестер сити 57 (-2), Лестер 50 (-1), Челзи 45 (-1), Вулверхемптон 43, Шефилд Ј. 43 (-1), Манчестер Ј. 42 (-1), Тотенхем 40 (-1), Арсенал 40 (-1), итн.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска