Арсенал се надева на победа

Од:

Арсенал – Баерн Минхен и Порто – Малага се двете осминафинални двојки во Лигата на шампионите кои денеска се на програма по кои би можела да се добие појасна слика кои две од овие четири екипи пред реваншите ќе бидат поблиску до следната рунда.

Дербито на денот без сомнеж се игра во Лондон, каде гостуваат Баварците кои во оваа 2013.

година имаат пет победи остварени без примен погодок и гол-разлика од одлични 13:0. Податок кој самиот ги става Германците во фаворитска улога за пласман во четвртфиналето, особено ако се знае дека Арсенал и не игра во некоја посебна форма во последно време.

Уште поимпозантен податок за одличните игри на Баварците во последните неколку месеци е и податокот дека тие уште од 28. октомври минатата година немаат пораз, кога загубија од Баер Леверкузен. Тоа е и единствен пораз за Баерн оваа сезона во Германија.

Тоа значи дека „топџиите“ вечерва пред своите навивачи се соочуваат со голем предизвик да ја прекинат низата на својот противиник, но и да го совладаат Мануел Нојер, кој 67 дена не знае за примен гол.

Според Џек Вилшер, тој и неговите соиграчи инспирација за дуелот со Баерн треба да бараат кај својот ривал Челси и начинот на кој „сините“ го совладаа истиот противник во финалето на ЛШ минатата сезона.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска