Аргентина, Парагвај и Уругвај во четвртфиналето на „Копа Америка“

Од:

Трите првопласирани репрезентации во групата Б Аргентина, Парагвај и Уругвај изборија пласман во четвртфиналето на „Копа Америка“ што се одржува во Чиле.

Синоќа во рамките на 3.коло во групата Б Аргентина со голот на Игуаин (11.минута) ја победи Јамајка со 1:0, додека Уругвај и Парагвај одиграа нерешено 1:1.

Табела Б група: Аргентина 7 бодови, Парагвај 5, Уругвај 4, Јамајка 0.

Аргентина и Парагвај како првопласирани две селекции се во четвртфиналето, додека Уругвај со 4 бодови е подобар од Еквадор (трет во А групата) има 3 бодови и затоа се пласира во завршницата.

Еквадор ќе го чека исходот и од вечерашните натпревари во групата Ц: Колумбија – Перу и Бразил –
Венецуела бидејќи две од третопласираните селекции од трите групи ќе се пласираат во четвртфиналето. Во Ц групата сите четири репрезентации имаат по 3 бодови.

Пласман во четвртфиналето имаат обезбебедено Чиле и Боливија од А групата.

Би можело да ве интересира

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска

Аргентина ја освои Копа Америка

Ана Ололовска

Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Ана Ололовска

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Ана Ололовска