Аргентина и Италија ќе играат во чест на папата

Од:

Фудбалските репрезентации на Италија и Аргентина се договорија да одиграат пријателски натпревар во чест на поглаварот на Римокатоличката црква папата Францис.

Италијанската фудбалска федерација соопшти дека повеќемесечните преговори за овој дуел завршија со согласност дуелот да се одигра на 14 август на „Олимпико“ во Рим.

Папата кој е голем фудбалски навивач на Аргентина ќе приреди прием во Ватикан за двете екипи.

Ова ќе биде прва средба на двете репрезентации по пауза од 12 години. Последната се играше 2001 година исто така во Рим кога победи Аргентина со 2:1.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ