Анри: Ливерпул може да ја заврши сезоната без пораз

Од:

Поранешниот капитен на Арсенал, Тиери Анри смета дека Ливерпул ќе стане шампион на Англија во сезоната 2019/20 и може да ги помине сите 38 натпревари без пораз. Во моментов, тимот на Јурген Клоп има 1 реми и 18 победи на 19 натпревари.

– Мислам дека оваа екипа може да оди без пораз и останува прашањето дали ќе се најде екипа која ќе ги победи. Мислам дека прашањето околу тоа кој ќе го освои трофејот е затворено, бидејќи тие оваа сезона се многу посилни од сите други, изјави Анри.

Арсенал со Анри во составот е последниот клуб ја одигра цела сезона во Премиер лигата без пораз. Тоа се случи во сезоната 2003/04 година.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска