Ангеловски: Загубивме од Шпанија, но ги добивме талентираните Елмас и Тошевски

Од:

По поразот од Шпанија во мундијалските квалификации, селекторот на македонската фудбалска репрезентација не го криеше незадоволството од лошата игра во првиот дел, но и задоволството што Македонија доби два екстра талентирани фудбалери на овој меч.

– Честитки за Шпанија на победата, ние не сме задоволни, особено од тоа како влеговме во мечот во првиот дел, имавме преголем респект за противникот. Ме радува второто полувреме, се вративме во мечот, но за жал не успеавме да избегнеме пораз, издвои Ангеловски по мечот.

Влегувањето на Елмаз внесе голема свежина во нашата игра, како и настапот на Кристијан Тошевски, за кои селекторот Ангеловски не штедеше пофални зборови на прес конференцијата по натпреварот.

– Во Елмаз, Македонија доби огромен бисер, влезе и внесе свежина, пред него е голема иднина. Одличен беше и Тошевски на позицијата десен бек, Македонија доби двајца големи играчи, потенцира Ангеловски.

На полувремето бев нервозен, од тоа дека мојата екипа се плаши да игра, без разлика што противникот е Шпанија, сакам моите играчи да играат одважно против било која селекција. Сега е лесно да дебатираме дали Елмаз требаше да биде стартер или не, но јас сум задоволен од она што тој го прикажа во вториот дел, дополни македонскиот селекторот.

Следен предизвик за македонските фудбалери е гостувањето кај Израел на 2 септември.

Би можело да ве интересира

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Жарко Настоски

Алиоски: Издржавме се, победивме репрезентација со голема фудбалска историја

Катерина Ѓуровски

Реакции во Германија: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП

Катерина Ѓуровски

Ангеловски: Победа за сопругата која се бори со Ковид-19 и за критичарите што не веруваа во мене