Ангеловски: Победа за сопругата која се бори со Ковид-19 и за критичарите што не веруваа во мене

Од:

Македонија оствари сензационална победа (1-2) против Германија во третиот меч од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар. Падна на колена четирикратниот светски првак пред Горан Пандев, Елиф Елмас и останатите македонски фудбалски херои, а селекторот Игор Ангеловски триумфот го посвети на семејството и на оние кои не веруваа во него и во националниот тим.

„Овие момци уште еднаш ја направија горда Македонија против големата Германија. Тоа се нашите спортски херои, тоа се фудбалерите кои ја кренаа нацијата на нозе. Оваа победа е налик на пласманот на ЕП. Јас дојдов на собирот, а мојата сопруга беше хоспитализирана во болница со тешки симптоми на Ковид-19. И ја посветувам оваа победа на неа и на целиот медицински персонал кој се бореше за неа. Заедно со моите деца, моето семејство, тие се мојата најголема поддршка.

Македонија сега се вклучува во трка за пласман на светско првенство. сега можеме да жалиме што не освоивме уште некој бод во Романија. Морам да кажам и дека имаше многу опструкции, токму на оние на кои им ја донесовме оваа победа, еве им ја посветувам, се надевам ќе се освестат и ќе почнат да не почитуваат“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата по мечот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ