Поразот на стартот од Европското првенство нема да ги поколеба македонските фудбалски репрезентативци. Напротив, ќе ги мотивира уште повеќе да го покажат најдоброто на следните два натпревари против Украина и против Холандија.
Селекторот Игор Ангеловски на социјалните мрежи се заблагодари на поддршката на навивачите и порача дека Македонија никогаш не се предава.