Ангеловски под медицинска грижа на д-р Жан Митрев

Од:

Пливачот на клубот Бета, Љупчо Ангеловски кој неодамна  го собори апсолутниот рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри пеперутка, е уште еден спортист за чие здравје ќе се грижи д-р Жан  Митрев со тимот на специјалната болница „Филип Втори“.

Со тоа продолжува минатогодишната  иницијатива на д-р Митрев за медицинска поддршка на спортистите. Во план е почнување на прават генетски анализи преку кои спортистите ќе можат со максимална точност и прецизни податоци,  да дознаат на кој начин да тренираат и како да го развиваат својот телесен потенцијал за врвни резултати.

Еден од првите кому ќе му биде направена оваа анализа ќе биде и Ангеловски.

– Овие анализи се наменети за сите да ни помогнат во евентуалната превенција од некои болести кои се поврзани со нашата генетика, која храна одговара најмногу за подобра состојба на организмот, начин на живот и многу други параметри кои би делувале врз подобрувањето на  нашето здравје.  Покрај сите овие информации, овие анализи кај  спортистите овозможуваат и прилагодување на тренингот според  гените бидејќи сите ние имаме различни физички способности, но доколку знаеме дали сме експлозивни или издржливи можеме тренингот да го прилагодиме според нашите способности и на тој начин да постигнеме најдобри резултати, изјави д-р Митрев.

Пред Ангеловски, од македонските спортисти „штитеници“ на д-р Жан Митрев станаа Кире Лазаров, Димитар Ѓорѓиев и Игор Стефановски – Иџе.

Пливачот на ПК Бета кој е матурант во скопската гимназија „Орце Николов“ ја изрази својата благодарност до д-р Митрев.

-Спортот и медицината одат рака под рака. Досега сум немал медицинска заштита од никого и верувајте дека сон на секој спортист е за неговото здравје да се грижи медицинска установа како Вашата, нагласи Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска