Ангеловски: Моите играчи одиграа храбро

Од:

На прес конференцијата по дуелот со Рубин тренерот на Работнички Игор Ангеловски беше дочекан со аплауз од присутните новинари, по што тој истакна дека аплаузот го заслужија играчите.

– Одигравме половина час со играч помалку и моите играчи покажаа дека никогаш во ниту еден момент не се предаваат. Одиграа храбро за да останеме во живот и за реваншот. На реваншот ќе ги имаме во составот и Илијоски и Трајчевски, се надевам и повредените Сахити и Митров ќе можат да играат.

– Ова реми за нас е како победа. Обично не истакнувам поединци, но овој пат ќе го потенцирам 17-годишниот Милан Ристовски. Горд сум што добиваме уште еден бисер. Имаше деби на европска сцена и одигра одлични 20-тина минути. Рубин и натаму е фаворит, а во Казањ ние ќе дадеме 100% и повеќе, а дали ќе биде доволно ќе видиме, изјави Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска