Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти е на добар пат да го замени Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид, пишува францускиот весник „Ле Паризиен“.
Трансферот на Италијанецот на „Сантијаго Бернабеу“ е најавен по истекот на сезоната 2013/14, но се остава простор промена на тренерот во „кралскиот клуб“ да се случи и годинава.
Според информациите на весникot, раководството на Реал Мадрид и Анчелоти веќе постигнале устен договор кој треба да се официјализира во скоро време.
53-годишниот италијански стручњак има актуелен договор со Пари Сен-Жермен оваа и следната сезона.