Анчелоти верува во победа на „Камп Ноу“

Од:

Во пресрет на утрешниот дуел од Лигата на шампионите, тренерот на Пари-Сен Жермен, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим е подготвен за победа против Барселона.

– Работевме напорно и целосно сме подготвени да победиме на гостувањето кај Барселона. Моите фудбалери се максимално мотивирани, а јас се обидов да им ја подигнам самодовербата. Сите сме уверени дека можеме да направиме резултат кој досега не успеале да го направат повеќе екипи, а тоа е елиминирање на фаворизираниот противник, изјави Анчелоти.

Првиот натпревар одигран во Париз пред шест дена заврши нерешено 2:2, а за да се остварат желбите на Анчелоти, ПСЖ утре во реванш четвртфиналето против Барселона треба да победи или да одигра нерешено со повеќе од два постигнати голови.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска